ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина ги уверува граѓаните дека располага со доволни количини на крв и апелира за точни информации без дезинформации на социјалните мрежи.
ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина на Република Македонија ги уверува граѓаните дека располага со доволни количини на крв и крвни продукти, апелирајќи да не се шират паника и невистинити апели за дарување на социјалните мрежи. Во моментот, Институтот има 13.134 единици свежо смрзната плазма и 2.473 единици еритроцити од сите крвни групи, што е доволно за потребите на пациентите.
Од Институтот нагласуваат дека благодарение на континуираната поддршка од хуманите крводарители, успешно се задоволуваат барањата за сите пациенти, вклучително и за оние настрадани во несреќи.
Поврзани објави
Институтот апелира на сите медиуми и портали да не објавуваат невистинити информации кои можат да доведат до пореметување на годишниот интегрален план за крводарување.
Благодариме за разбирањето и поддршката“, стои во соопштението на ИТМ.
Фото: принтскрин социјални мрежи и Јутјуб