Меланија Трамп изгледала сензационално за време на бременоста, а овие фотографии го докажуваат тоа
Меланија Трамп никогаш немала „крупна фаза“ во животот, дури ни кога била бремена. Нејзината манекенска става секогаш била видлива, а гордиот сопруг Доналд Трамп отсекогаш се фалел со убавината на својата сопруга.
Само една година по венчавката, двојката го очекувала своето прво дете. Меланија имала 35 години, додека Доналд имал 60.
Додека ова било првото дете на Меланија, Доналд Трамп веќе имал четири деца од своите две поранешни сопруги, Ивана и Марла.
„Дојде дома и му кажав дека ќе стане татко. А неговата реакција беше… на почетокот мораше да го прифати тоа. Многу се изненади. И потоа беше многу среќен“, открила Меланија.
Поврзани објави
Доналд тогаш рекол дека очекувал дека ќе има деца, но бил изненаден што тоа се случило само една година по венчавката.
Кога добиле син, му го дале името Барон, а момчето било пречекано како крал. Специјално за него преуредиле голем дел од кулата Трамп, кој до ден денес му останал омиленото место на најмладиот син на Доналд Трамп.
ФОТО: Пинтерест