Почетна БалканИзбодениот струшки началник е брат на обвинител

Избодениот струшки началник е брат на обвинител

од nenad
1 минути читај за
t

Началникот на струшката полиција Дритан Ајро е брат на поранешниот обвинител на специјалното јавно обинителство (СЈО), Артан Ајро кој по распадот на СЈО беше избран како обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а неодамна беше унапреден во обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Вчера околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода 44 годишниот С.Н. од струшкото село Велешта, затоа што околу 17:30 часот на улицата Ристо Крле во Струга со остар предмет го нападнал 46 годишниот А.Д. од Струга. Тој е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди. Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од полицијата