Почетокот на следната година продолжува фазата за враќање на иконите украдени од верските храмови изнесени по незаконски пат во Албанија.
Членот на МАНУ Цветковски кој всушност ги препозна иконите кои беа украдени и вратени, за Сител најави дека во Албанија ќе прават повторно увид во депонираните икони 37-38 на број, се со една идеја да се врати вредното културно и историско наследство онаму каде што припаѓа.
Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, од каде што се однесоа стотици икони. Постапката за враќање на украдените икони во земјава од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности во последните две години.
Во музеите во Албанија идентификувани се уште 37 за кои исто така ќе почне процедура за враќање во Македонија
Post Views:
30
Извор : vesnik-ilinden.com
Идната година ќе продолжи постапката за враќање на уште 37 Македонски икони од Албанија