По теркот на своите колеги и Игор Џамбазов на свој начин ја испрати 2024 година, која според него била непредвидлива, тешка, напорна и грда. Вели, му олеснило што го искажал сето она што го преживеал изминава година, а на 2025 ѝ се закани да не се занесува.На самиот крај од објавата на Инстаграм тој посака среќна 2025. година на целиот народ.
– 2024 годино, тебе ти се обраќам, завршивме со тебе сестро. Засекогаш. И да не си се осмелила да ни се појавиш пред очи уште еднаш. Ти беше една бесчувствителна, непредвидлива, тешка, напорна, напната, грда и опасна вештерка. Збогум! И порачај и на сестра ти што ни доаѓа да не се занесува многу. Оти штом те преживеавме тебе, нема што да ја мислиме неа. Таа нека му ја мисли. Среќна нека е народе мој!