Почетна Убавина и здравјеИгор Џамбазов во прегратките на Даринка (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Игор Џамбазов во прегратките на Даринка (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Педесет и шест години од последното видување, популарниот актер се сретна со својата бебиситерка.

Игор Џамбазов сподели еден емотивен, приватен момент, кој се случил на концертот што го одржа со Гуру Харе во Торонто, Канада.

Имено, популарниот пејач, актер и водител забележал дека во публика е жената која ги исчувала него и неговата сестра Тања кога биле мали, бидејќи нивните родители, кои тогаш биле во врвот на своите кариери, често отсуствувале од дома.

На видеото се гледа дека ја поканил на сцената и дека се прегрнуваат од срце по 56 години од последното гледање.

Ова е сигурно еден од најемотивните моменти од концертот во Торонто. Дознав дека во публиката се наоѓа тетка Даринка, жената која нè чуваше мене и сестра ми Тања кога бевме мали. Живееше кај нас, се грижеше за нас, и во недостаток на родителите кои тогаш беа на врвот на своите кариери и многу често отсуствуваа од дома, бидејќи патуваа на турнеи и снимања, па се обидуваше да ги замени. Тетка Даринка се обидуваше да нè научи да бидеме добри луѓе, и се надевам дека успеа во тоа“, напиша Игор во описот на видеото објавено на својот инстаграм-профил, додавајќи:


Поврзани објави

А кога конечно ја пронајде љубовта на својот живот, чичко Ѓоко, тој ја побара нејзината рака од мајка ми и татко ми, а тие им дадоа благослов. После тоа заминаа за Канада. Таму станаа успешни луѓе, познати во македонската заедница. На концертот, ја повикав на сцената. Се изгушкавме за сите 56 години во кои не се видовме. 56 години. Животе, понекогаш навистина знаеш да бидеш суров…“.

Инаку, Игор Џамбазов и Сара Мејс & The Girlzz (Калина Велковска, Ана Петановска и Теа Богатинова) ја промовираа новата песна ,,Ептен љубовна” за која е снимен и видеозапис. Станува збор за нумера за која музиката и текстот се на Џамбазов, а аранжманот е на Гуру Харе.

Видео: Инстаграм @igordzambazov