Почетна Убавина и здравје„Иако Ниа има само 1 годинка, веќе покажува карактер и инает што ги има наследено од мене и сопругата“ – Убавина и здравје

„Иако Ниа има само 1 годинка, веќе покажува карактер и инает што ги има наследено од мене и сопругата“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Иван Јованов, фронтменот на познатиот „Либеро бенд“, ни призна дека успева да постигне баланс помеѓу работата и семејниот живот благодарение на неизмерната поддршка од сопругата Ивана

„Либеро бенд“ е еден од најангажираните музички бендови кај нас, а за тоа сведочи нивната преполнета агенда. Професијата на еден музичар подразбира постојани патувања, настапи и активен ноќен живот, па нè интересираше како Иван успева да балансира помеѓу работата и семејниот живот, особено сега, кога се реализира и во улогата на татко на малечката Ниа.

Колку е важна поддршката од семејството за да се биде успешен музичар?

Точно е дека мојата професија подразбира постојани патувања и активен ноќен живот, но затоа жената е потпорен ѕид на семејството, а Ивана ми ја дава најголемата поддршка, заедно со нашата ќеркичка. Целото мое слободно време го поминувам со нив, а кога треба да се појавам некаде во јавност, одам со сопругата и така балансирам помеѓу семејниот и јавниот живот.

Кога ќе се потсетиш на твоите музички почетоци, кои жени имаат извршено најголемо влијание врз твојот професионален развој?

Првата жена што изврши значајно музичко влијание врз мојот професионален развој е, секако, мајка ми. Уште кога имав шест години, таа настојуваше да се образувам музички, односно да свирам виолина и да пеам во хор. Подоцна, тука беа и моите професорки, кои несебично ми го пренесуваа нивното знаење.

Кои жени од светската и домашната музичка сцена би ги издвоил како најинспиративни?


Поврзани објави

Од светската музичка сцена, најинспиративни женски вокали ми се Лара Фабијан и Селин Дион. Кога станува збор за македонската музичка сцена, растев со музиката на Калиопи и Каролина Гочева. Потоа, би ја издвоил и Тамара Тодевска, со која заедно одевме на хор на моите почетоци.

Сè уште постои стереотипна поделба на машки и женски обврски во домот. Како функционирате ти и сопругата во тој поглед?

Во нашиот дом не постои поделба на машки и женски обврски. Паралелно ги извршувам сите обврски кога сум во можност. Можеби некому ќе му звучи смешно, но јас перам, пеглам, чистам со правосмукалка и уживам во извршувањето на сите „женски задачи“.

Кои навики или начини на однесување кај жените те нервираат?

Не сум конфликтна личност, но најмногу ме нервира кога некој ми ја повторува истата работа повеќепати, знаејќи дека ќе ја завршам штом сум во можност.

Твојата ќеркичка Ниа сè уште е многу мала, но каква жена се надеваш дека ќе стане кога ќе порасне?

Иако Ниа е бебенце и има само една годинка, веќе покажува карактер и инает што ги има наследено од мене и мојата сопруга. Во иднина, најважно е да биде жива и здрава, а потоа да израсне во чесна и успешна жена со која ќе се гордеам.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА