Почетна ЕкономијаММФ: Светската економија значително ќе забави

ММФ: Светската економија значително ќе забави

од nenad
0 минути читај за

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги ревидираше надолу предвидувањата за економскиот развој во 2025 година, нагласувајќи дека повисоките давачки и сеприсутната несигурност ќе предизвикаат “значително забавување”.

Во најновиот глобален изглед, ММФ наведува дека глобалната економија ќе забележи пораст од 2,8 проценти оваа година, што е пад од претходната проценка од 3,3 проценти.

За Соединетите Американски Држави се предвидува експанзија од 1,8 проценти, во споредба со претходната проекција од 2,7 проценти. Исто така, е намалено предвидувањето за пораст на Велика Британија од претходните 1,6 на 1,1 отсто.