Почетна ЕкономијаЗСПК „Козјак“ одбележува 41 година од постоењето

ЗСПК „Козјак“ одбележува 41 година од постоењето

од nenad
1 минути читај за

Здружението спортско планинарскиот клуб „Козјак“ од Куманово, денеска одбележува 41 години од своето постоење, соопштија денеска одговорните од клубот. Вечерва во Куманово, членовите на клубот организираат свечена академија и презентација на дел од активностите, ќе бидат доделени благодарници за нивните членови. Во недела, соопшти секретарот на ЗСПК „Козјак“, Мартин Величковски, по повод роденденот во зависност од временски услови ќе се организира акција и планинарски ручек во планинарскиот дом Длабочица.

Функционирањето на здружението спортско планинарскиот клуб, возобновено е 1982 година, откако првично бил формиран во далечната 1967 година, а веќе наредната година бил згаснат. Клубот е еден од најактивните во државава со постојани редовни активности, утврдени со годишната програма.

-Планинарите низ годините ги освоија највисоките врвови на Балканот, а во изминатите години, учествуваа и на искачувања во Европа, рече Величковски.

Покрај овие активности, во клубот се одржува летна планинарска школа, искачување на врвовите на планините низ државата, а на високо ниво е и соработката со македонски и балкански планинарски друштва.

Во СПК „Козјак“ членуваат 77 активни и над дваесетина пасивни планинари. Клубот има лиценцирани водичи за планина, лиценцирани водичи, марацисти и водичи за ориентација. Во рамки на клубот функционира и школата за млади планинари. „Козјак“ располага со еден планинарски дом во село Длабочица. ам/ир

Куманово, 7 април 2023 (МИА)