Почетна Убавина и здравјеЗошто 50-годишен маж решава да ја изневери сопругата со постара жена? Експертка за врски го објаснила скандалот од концертот на Колдплеј

Зошто 50-годишен маж решава да ја изневери сопругата со постара жена? Експертка за врски го објаснила скандалот од концертот на Колдплеј

од nenad
2 минути читај за

Експертка за врски објаснува зошто мажите ги изневеруваат своите сопруги со постари жени

Видеото од концертот на групата Колдплеј на кое се гледа како таканаречената kiss camera го открива моментот кога директор на технолошка компанија ужива во прегратките на шефицата на секторот за човечки ресурси, стана тема на сите светски медиуми.

Еден од најчестите коментари на социјалните мрежи гласи: „Зошто би изневерувал со постара жена?“

Австралиска експертка за врски објаснила зошто 50-годишен маж би одбрал жена која е две години постара од него, иако во многу слични ситуации обично одбираат помлади.

Луан Ворд истакнала дека постои длабоко вкоренет стереотип според кој средовечните мажи ги изневеруваат своите партнерки со значително помлади и поатрактивни жени.

Но Луан го разбила тој мит, објаснувајќи дека сценариото како она од виралното видео е почесто одошто мислат повеќето луѓе.

„Кога во јавноста се појави веста дека Енди Бајрон и Кристин Кабот биле уловени во интимна прегратка на концертот на Колдплеј, додека и двајцата сè уште биле во брак, Интернетот експлодира“, рекла таа.

„Сепак… тој не ја заменил сопругата за помлада, поатрактивна верзија.“

Луан изјавила дека сака да ги побие застарените клишеа.

„Одамна владее стереотипот дека кога мажите во средни години изневеруваат, тоа го прават со помлади и попривлечни, девојки што ги идеализираат, ги гледаат како авторитети или се обидуваат да добијат нешто за возврат. Општеството речиси и да го очекува тоа, па сите се фокусираат на таквата динамика“, објаснила таа.


Поврзани објави

Луан потоа ја открила непријатната вистина за ваквите случаи:

„Кога ‘другата жена’ исто така е мажена, реализирана и успешна, нема очигледна корист, нема неурамнотеженост во моќта, нема манипулации. И двајцата имаат многу што да изгубат, а сепак ризикуваат. Тоа ни кажува дека врската меѓу нив е од емоционална природа.“

Луан рекла дека ваквите афери најчесто не се развиваат поради физичката привлечност или разликата во годините, туку поради длабока емоционална поврзаност.

„Таа не го одбира него поради статусот, младоста или погодностите, туку поради емоционалната резонанса.“

Луан нагласила дека зад сите наслови и мимови постои важен „општествен мит“ кој би требало да се напушти: дека мажите изневеруваат само заради младост и убавина.

„Но не смееме да го заборавиме најважното: неверството никогаш не е по вина на личноста која била изневерена. Аферите се одраз внатрешната празнина на личноста која го напуштила односот.“

Објаснила дека иако не постои оправдување за неверство, важно е да се разбие митот дека мажите изневеруваат исклучиво со помлади жени.

„Понекогаш кога врската ќе ја изгуби блискоста, дури и најуспешната личност копнее по тоа изгубено чувство“, објаснила Луан, додавајќи дека тоа може да се пронајде во кого било, без оглед на годините.