Свесна. Смела. Своја – погледнете ја целосната програма на јубилејната Профемина 2026!
Десеттото издание на конференцијата Профемина доаѓа со силна порака, актуелни теми и средби што не се пропуштаат. На 29 октомври, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, ве очекува настан посветен на жената, нејзините избори, предизвици, амбиции и моќта да биде своја.
Што значи да бидете свесни за себе, да имате храброст да ги следите сопствените желби и да не се откажувате од својата автентичност? Одговорите ќе ги бараме на Профемина 2026, која годинава одбележува десет изданија под мотото „СВЕСНА. СМЕЛА. СВОЈА“.
Во четврток, 29 октомври, хотелот „Холидеј ин“ во Скопје ќе стане место за инспиративни приказни, отворени разговори и нови перспективи. Ве очекуваат познати имиња, експерти од различни области и теми што ги допираат секојдневието, здравјето, самодовербата и личниот развој на жената.
Ова не е само конференција на која се слушаат интересни говорници. Ова е можност да се препознаете во нечие искуство, да дознаете нешто ново, да поставите прашање што долго ве мачи и да си заминете со идеја или инспирација што ќе ја понесете со себе.
Од искрени лични исповеди и разговори без табуа до теми што ги отвораат прашањата за современиот живот, технологијата, убавината и меѓучовечките односи – Профемина 2026 подготвува програма што поттикнува на размислување, поврзување и промена.
Поврзани објави
Погледнете ја целосната програма и откријте кои содржини не сакате да ги пропуштите.
Профемина 2026 се одржува на 29 октомври во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје. За пријавување, испратете ги вашето име и презиме, како и името и презимето на придружникот, на redakcija@uabinaizdravje.mk или преку инстаграм-профилот @ubavinaizdravje.mk. Бројот на места е ограничен.
Бидете дел од јубилејното издание на Профемина – ден посветен на жената што знае која е, се осмелува да оди напред и останува верна на себе.
Текст: Убавина и здравје