Поповиќ почина на 1 март, на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, а неговата смрт остави голема празнина во музичкиот свет.
Помина повеќе од еден месец од смртта на долгогодишниот директор на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, а пејачката Рада Манојловиќ сподели досега непознати детали за неговата посветеност и влијание врз нејзината кариера. Поповиќ почина на 1 март, на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, а неговата смрт остави голема празнина во музичкиот свет.
Рада Манојловиќ, која својата кариера ја изгради токму преку „Гранд“, истакна дека Саша бил човек кој никогаш не заборавал на младите таленти и секогаш давал шанса на оние кои заслужувале. Таа се присети на еден пресуден момент кога тој лично ја избрал за понатамошно натпреварување, иако првично не била во кругот на избраните кандидати.
Мене ме повика Саша Поповиќ и ми рече: ‘Знаеш што, Рада…’. Се сеќавам дека се јавив и едвај држев сигнал, стоев на прсти за да можам да зборувам со него. Тој повторно ги гледал сите снимки од аудициите, за да не пропушти некој, и тогаш одлучи дека морам да добијам шанса. Ги зголеми бројките на натпреварувачите само за мене. Тоа никогаш нема да го заборавам“ – раскажа Рада.
Поврзани објави
Поповиќ беше испратен на вечен починок од страна на неговото семејство, пријатели и бројни музички ѕвезди кои со тага се простуваа од човекот кој го обликуваше српскиот естраден свет.
Неговото наследство во музичката индустрија останува неизбришливо, а сведоштвата на пејачите, како што е и ова на Рада, сведочат за неговата посветеност и човечност.
printskrin Youtube-PRINC Planet TV