Почетна Убавина и здравјеЗошто на жена се дава цвеќе? За да ја направи поубава?

Зошто на жена се дава цвеќе? За да ја направи поубава?

од nenad
1 минути читај за

Зошто на жена се дава цвеќе? За да ја направи поубава?

Објавено на 06/07/2023

Зошто на жена и се дава цвеќе? За да ја направи поубава? Не, тоа не е можно, бидејќи таа во очите на тој што и го дава цветот е веќе најубава на свет. Тогаш зошто?

Легендата кажува дека кога ја создавал земјата, Творецот направил се освен цвеќиња. Откако го создал мажот најдобро што умеел, набрзо сфатил дека не е добро тој да биде сам. Тогаш му создал жена. Творецот немал веќе ништо поубаво и повредно да даде. Кога човекот ја видел жената, бил толку воодушевен, што почнал неконтролирано да плаче од среќа и восхит. На местото каде што ќе капнела негова солза, Творецот предизвикувал да никне цвет. Секој цвет различен од претходниот. Секој со посебна приказна. Секој настанат од посебна солза. Кога мажот прв пат ја допрел жената. Кога прв пат ја бакнал. Кога прв пат спиел со неа. Кога прв пат се скарале. Кога им се родило првото дете. Па второто. Кога првото дете го убило својот брат… Легендата кажува дека практично, за секоја човечка емоција постои соодветен цвет. Некои се од восхит и среќа. Други – од неизмерна тага.

Автор: Драган Таневски

—-

Komplet Kolekcioner 1-5

999 den so dostava