Почетна Убавина и здравјеЗошто Кејт Мидлтон облекла токму виолетов фустан? Тајна порака што многумина не ја сфатија веднаш

Зошто Кејт Мидлтон облекла токму виолетов фустан? Тајна порака што многумина не ја сфатија веднаш

од nenad
2 минути читај за

Виолетова боја можеле да носат само припадници на кралското семејство, таа не била дозволена за обични смртници

Светот со големо внимание го следеше финалето на турнирот на Вимблдон, особено моментот кога се појави Кејт Мидлтон.

Принцезата од Велс доби овации што траеја неколку минути додека влегуваше на трибините со ќерка ѝ. Ова е нејзиното прво официјално појавување во јавност откако соопшти дека се бори со рак.

Во оваа пригода, Кејт облече виолетов фустан од брендот „Сафи Сесилија“, кој чини околу 2350 евра.

Но она што многумина не го забележаа е пораката што ја испраќа фустанот. Имено, иако изгледа многу едноставно и пристојно, бидејќи ги покрива деколтето и рамениците, како и колената – виолетовата боја е бојата на кралското семејство.

Оваа боја има историја, бидејќи токму кралицата Елизабета ја забранила за „обичните луѓе“, па можеле да ја носат само членови на кралското семејство.

Причината за посебноста на виолетовата боја е тоа што била многу ретка, а бојата што се користела за да се добие била многу скапа, бидејќи доаѓала од трговец од градот Тира (јужен Либан) од добата на Феничаните.

Поврзани објави

Тие ја добивале оваа боја од мали морски полжави, кои не постојат на ниедно друго место во светот, а нејзиното добивање било многу комплицирано и изискувале многу труд, дотолку што им требале повеќе од 10.000 школки за да извадат само еден грам боја и, секако, таа боја можеле да си ја дозволат само владетелите, па виолетовата боја се поврзувала со владејачките класи во Египет, Рим и Персија…

Бојата била многу скапа дури и за некои владетели, па така, римскиот цар Аурелиј не ѝ дозволувал на својата жена да купува пурпурни фустани, бидејќи таа боја чинела трипати повеќе од својата тежина во злато и, секако, ниту една земја не можела да издржи такви трошоци за да ја употреби виолетовата боја на своето знаме.

Виолетовата боја ѝ станала достапна на пошироката јавност дури во 1856 година, кога 18-годишниот хемичар Вилијам Хенри Перкин, обидувајќи се да направи лек за маларија, случајно произвел виолетова комбинација и забележал дека со неа може да ја бои ткаенината во виолетова боја. Тој го зел патентот за тоа откритие и почнал да го произведува во големи количества, па многу се збогатил поради овој случаен изум.

Оттогаш виолетовата боја станала достапна за сите луѓе и нејзиното значење избледело.

Кејт Мидлтон воодушевила во виолетово издание од 2350 евра и обетки од „Зара“ од 20 евра: Вистинска дама!