Почетна Убавина и здравјеЗошто е опасна и што да правите? – Убавина и здравје

Зошто е опасна и што да правите? – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Работете и не боледувајте!


Нема работа што не му штети на здравјето. Било да е во прашање стоечка или седечка работа – секоја има свои мани, а еве како да ги сведете на минимум.

СТОЕЧКА РАБОТА

ЗОШТО Е ОПАСНА

Болка во нозете и во крстот пред крајот на денот. Долгата стоечка работа со текот на времето доведува до застој на крвта во вените на нозете и, како последица на тоа, доаѓа до варикоза (воспаление на вените).

ШТО ДА ПРАВИТЕ

  • Трудете се постојано да потскокнувате во место, преместувајќи ја телесната тежина од една нога на друга. Тоа ќе овозможи да се растоварат зглобовите на нозете и ќе го спречи нивното предвремено уништување.
  • Правилно изберете ги обувките: оние што дишат, од природни материјали, со потпетици најмногу до три сантиметри.
  • Размрдувајте се во текот на денот: повремено клекнувајте, малку наведнувајте се напред-назад. Доколку постои можност – седнете барем две минути.
  • Во случај на проширени вени носете компресивна трикотажа за да спречите напредување на болеста.
  • Додека спиете, за да го подобрите венскиот проток, подметнете перница или свиткано ќебе на работ на креветот под нозете.
  • Навечер, по работата, практикувајте контрастна бања за нозете, а потоа самомасажа (на пр. тркалајте со стапалата тениско топче).


Поврзани објави

СЕДЕЧКА РАБОТА

ЗОШТО Е ОПАСНА

Нарушено држење, болки во грбот и во вратот, главоболки и мигрена, хемороиди.

ШТО ДА ПРАВИТЕ

  • Трудете се да седите право на столот, не навалувајќи се напред. Притоа задолжително на седечките брекчиња (двата истурени коскени дела во долниот дел на карлицата), а не на тртната коска. Карлицата силно привлечете ја на работ на седиштето и на потпирачот на столот.
  • Обрнете внимание на грбот: немојте да се згрбавувате. Стомакот мора да биде вовлечен и малку затегнат.
  • Главата држете ја право, без навалување напред и виткање на вратот.
  • Горниот раб на мониторот мора да биде приближно во нивото на очите или малку пониско. Оптимално е доколку растојанието од него изнесува 50–70 см. Исти така е важно мониторот да биде строго во центарот на вашето видно поле.
  • Потпирачот на столот наместете го вертикално, така што грбот ќе ви биде под прав агол.
  • Висината на столот мора да биде толкава што при седењето работ на столот ќе се наоѓа во пределот на соларниот плексус (малку над папокот).

И при стоечка и при седентарна работа се потребни барем повремена промена на положбата на телото и минимална гимнастика во текот на денот.

Текст: Наташа Човиновска