Кога сопствениците од дома, Милер не направил неред ниту пак се сокрил. Наместо тоа, една по една ги собирал своите играчки и ги носел пред вратата од спалната соба.
Одвојувањето од сопствениците за некои кучиња може да биде вистински стрес, особено кога за првпат остануваат сами во домот. Токму тоа му се случило на златниот ретривер Милер, кој првпат бил оставен слободно да ја „чува“ куќата додека неговите сопственици не биле дома. Но, наместо едноставно да легне и да ги чека, тој пронашол свој начин да се справи со осаменоста.
Кога сопствениците се вратиле, пред вратата од нивната спална соба ги чекала необична глетка. Милер ги собрал своите играчки и ги наредил токму таму, како сите да ги подготвил за моментот кога неговите луѓе повторно ќе се појават.
Како да знаел каде се неговите луѓе?
На снимката се гледа како Милер немирно се движи пред вратата, а во устата носи играчки. Неговата сопственичка заклучила дека кучето веројатно очекувало дека тие се зад затворената врата и се обидувало да ги повика на игра.
Токму таа сцена најмногу ги погодила луѓето кои ја виделе снимката. Наместо да ја доживее играчката само како предмет за забава, Милер очигледно ја поврзал со времето поминато со своите сопственици.
Поврзани објави
Сопственичката признала дека глетката многу ја погодила и дека се чувствувала виновно кога сфатила што можеби се случувало додека била отсутна. Нејзината реакција била искрена: сакала да биде човекот кој секогаш ќе остане дома со своето куче.
Снимката брзо предизвикала емотивни реакции и кај следбениците. Некои признале дека сцената ги расплакала, додека други го нарекле Милер „ангел“. Иако однесувањето на кучето не може со сигурност да се толкува како свесен обид да ги повика сопствениците, сцената покажува колку силна може да биде врската меѓу кучето и луѓето со кои живее.
Screenshot instagram