„Има 155 лица со презимиња, со податоци за пасош – 155 кинески државјани кои се борат против Украинците на територијата на Украина“, кажа Зеленски, додавајќи дека Русија регрутира кинески граѓани на социјалните мрежи и дека официјален Пекинг знае за ова. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најмалку 155 кинески граѓани се борат за Русија во војната, пренесе Би-би-си. Неговите коментари доаѓаат откако претходно оваа недела беа заробени двајца кинески борци, што го предизвика првото официјално обвинение на Киев дека Кина ја снабдува Русија со жива сила. Зеленски пред новинарите во средата го повтори тврдењето дека има многу повеќе кинески државјани вклучени во конфликтот, врз основа на информациите што ги собрала украинската влада. Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Лин Џијан вчера рече дека тие ги советуваат „сите релевантни страни“ правилно и трезвено да ја разберат улогата на Кина и да не даваат неодговорни забелешки.
Зеленски тврди дека 155 Кинези се борат за Русија во Украина – МАКТЕЛ
7