Виторија Керети (26) не може да издржи кога луѓето ја препознаваат само како девојка на Леонардо ди Каприо (50).
Италијанската манекенка Виторија Керети неодамна позираше за насловната страница на магазинот „Вог“ во атрактивно издание. За фотосесијата за априлското издание на магазинот позираше топлес, а забележливи беа нејзините бели хулахопки од Луј Витон. (Фотографијата можете да ја видите ТУКА)
Девојката на Леонардо ди Каприо се отвори во интервјуто за познатиот моден магазин, и истакна дека не може да издржи кога луѓето ја препознаваат само како уште една девојка на славниот актер.
Поврзани објави
Таа признала и дека љубовта меѓу нив е силна, и дека нема место за љубомора.
Ако вашето искуство е реално и ако знаете дека се сакате, тогаш нема потреба од љубомора, бидејќи љубовта е она што ве штити“, рече таа и додаде дека Ди Каприо го запознала во Милано.
Фото: Инстаграм