Сандра Африка за седум месеци ќе заработи над половина милион?
Атрактивната пејачка со години важи за една од најбараните, редовно ги полни клубовите низ регионот, па до крајот на јануари ќе биде „потешка“ за повеќе од половина милион евра!
Сандра отсекогаш работеше напорно, се случува да има пет настапи во пет земји неделно! Зема по 7.000 евра по тезга, а со оглед дека од јули до крајот на јануари има закажано дури 61 настап низ Европа, ќе заработи дури 427.000 евра! Сепак, нејзината заработка не завршува тука. Сандра побарала 15.000 евра за тезгата за новогодишната ноќ во Германија, а 10.000 евра за репризата во Белград“ – вели естрадниот менаџер кој инсистирал на анонимност.
Африка се пофали со своите тезги на Инстаграм, но сокри дека во октомври настапувала на приватни забави, каде собрала дополнителни 60.000 евра.
Поврзани објави
Во октомври пееше на приватни забави, кои се понапорни од класичните изведби, бидејќи често пее без пауза цела ноќ. Тоа и се исплатеше затоа што доби добар бакшиш. Така од шест такви тезги заработи најмалку 60.000 евра“ – вели истиот менаџер и открива колку ќе биде „тешка“ Африка кога ќе завршат новогодишните и божиќните празници:
Според моја проценка, Сандра за седум месеци ќе заработи 512.000 евра!“
Фото: printskrin Youtube/HYPE TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: