Почетна Убавина и здравјеБранови без топлина – Убавина и здравје

Бранови без топлина – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Романтични брановидни фризури кои се прават без топлински уреди за обликување на косата, како фигаро, ги преплавија социјалните мрежи, а ние ви пишуваме како да ги направите со малку време и труд.

Познато е дека апаратите со топлина наменети за обликување на косата ја оштетуваат и сушат доколку се употребуваат често. Исто така, периодот по годишните одмори е време кога косата ни е во најлоша состојба – во лето, таа дополнително страда од сонцето, хлорот и морската сол. Затоа на социјалните мрежи завладеа општиот тренд за креирање кадрици, или бранови, кои можете брзо да ги направите, без загревање и уништување на косата.

Бранови од плетенки

Попрскајте ја косата со обична вода за да биде влажна, а потоа исчешлајте ја. Направете патец на средина. Од едната страна, земете два прамена одозгора, завиткајте ги еден околу друг и додавајте уште еден прамен од косата за секој следен чекор за да направите внатрешна плетенка. Повторете го плетењето и од другата страна. Кога немате повеќе коса за додавање, остатокот од косата поделете го на три дела и исплетете обична плетенка докрај на должината. Почекајте косата целосно да се исуши, а најдобро е така да спиете – наутро ќе имате прекрасни бранови, кои можат да траат со денови.

Бранови со помош на штипки за коса

За оваа фризура, која дава сосема природен изглед, најдобро би било вашата коса да биде малку влажна за да може што подобро да се создадат бранови. Попрскајте ја косата со спреј кој содржи морска сол. Користете штипки за коса за да обликувате еден кок на врвот на главата и друг малку пониско. Во зависност од должината на вашата коса, можете да направите повеќе кокови. Држете ги додека косата ви се исуши целосно. Кога ќе ја пуштите косата, нежно исчешлајте ги врвовите со прстите и уште еднаш испрскајте ги со спрејот.

Француски твист


Поврзани објави

Овој метод е брз и лесен начин за постигнување беспрекорни нежни кадрици. Се препорачува да се работи на целосно сува коса. Поделете ја косата на два дела, а потоа земете два прамена и завиткајте ги еден околу друг. Употребете мало ластиче за да ја прицврстите на крајот. Оставете ја косата така преку ноќ, а наутро кога ќе ја пуштите – ќе имате сосема природни кадрици. Ако сакате да ви траат подолго, нанесете средство за фиксирање, како пена или лак за коса.

Плопинг

Ова е метод стана вирален на Тикток пред неколку години и е одличен за оние што имаат виткана коса, но сакаат да ги истакнат кадриците. За овој метод, косата мора да биде мокра, а сè што ви треба е маица или крпа од микрофибер. Откако ќе ја измиете косата, отплеткајте ги заплетканите кадрици и нанесете производ за виткање по избор – спреј, пена или гел. Раширете ја маицата (или крпата) од микрофибер, наведнете ја главата напред и оставете ја косата да падне врз неа. Нежно завиткајте ја косата во крпата и добро прицврстете ја. По неколку часа, пуштете ја косата и оставете ја природно да се исуши.

Кадрици со помош на хеланки

Хеланките можат да бидат многу корисна алатка за да постигнете уште една фризура со бранови, без топлина. Овој метод Overnight leggins curls на Тикток има над 200 милиони прегледи. Почнете го процесот со регенератор кој не се измива за да ви биде добро хидрирана косата. Откако ќе ја поделите на два дела, поставете ги хеланките (по можност памучни) во средината на главата така што ногавиците да паднат на страна.

Земајте прамен по прамен од врвот на косата и виткајте ги околу ногавиците на хеланките, а истото повторете го и од другата страна. Прицврстете со ластик и оставете така два-три часа, а на крајот кога ќе ја пуштите косата, стилизирајте ги кадриците по ваша желба.

Текст: Надежда Јокиќ