Table of Contents
Најатрактивните жени на светот сакаат да изгледаат најдобро што можат и за тоа се мачат повеќе одошто можете да си замислите
Тие се атрактивни жени, лидери – постојано се зборува за нив и многумина го следат нивниот пример. Тие ги носат најмодерните парчиња, поставуваат стандарди, рушат табуа… И веројатно си мислите: „Лесно им е ним да бидат совршени, да ја постигнат совршената тежина – за нив се грижат најдобрите нутриционисти, најдобрите готвачи…“
Но дали можеби ги преценуваме? Еве колку се високи и колку килограми имаат најактуелните дами на денешницата…
Лорен Санчез – 165 см и 54 кг
Таа има 55 години, а сега е во центарот на вниманието поради врската со Џеф Безос. Нејзиното тело е како извајано, а Лорен не крие дека ригорозно вежба и дека здраво се храни. Очигледно е дека трудот ѝ се исплати.
Моника Белучи – 170 см и 64 кг
Моника е пример за вистинска дама, која не ги следи слепо трендовите, но и тоа како ги создава. Периодов таа е среќно вљубена жена и таа среќа јасно се гледа на нејзиното лице. Таа има 60 години и изгледа беспрекорно.
Викторија Бекам – 163 см и 49 кг
Многумина ќе кажат дека Викторија Бекам е премногу слаба, но не и таа. За да ја одржи линијата на критични 49 килограми, Викторија секогаш јаде авокадо и малку салата. Не отстапува од своето мени ни за празници ни за веселби.
Ким Кардашијан – 157 см и 56 кг
Поврзани објави
Ким Кардашијан не смее да се здебели – таа секогаш мора да биде фит за да ги продава своите производи. Порано имаше периоди кога папараците ја „ловеа“ славната Ким на плажа со десетици и повеќе вишок килограми. Оттогаш, таа многу внимава што јаде, а вежба секој ден за да изгледа беспрекорно.
Крис Џенер – 168 см и 63 кг
Неодамна, Крис направи комплетна трансформација на лицето, што придонесе за нејзиниот младешки изглед. Каде и да се појави, таа остава впечаток дека е двојно помлада, а фит-ставата ѝ оди во прилог.
Анџелина Џоли – 169 см и 54 кг
Анџелина со години има проблем со килограмите, односно со преслабиот изглед. Своето исклучително слабо тело го камуфлира со широки капути и фустани, а кога ќе облече некој потесен фустан на црвениот килим – сите се ужасуваат.
Адријана Лима – 178 см и 55 кг
Се изнаслушавме негативни коментари за Адријана Лима и нејзините килограми по третата бременост. Сепак, таа сега се врати во полн сјај, но на злобниците пак не им чини и велат дека претерала со слабеењето.
ФОТО: Инстаграм