Почетна МакедонијаЗајкова го критикува Тупанчески: Реформите не се на завидно ниво, а со мали чекори можевме да ги направиме..

Зајкова го критикува Тупанчески: Реформите не се на завидно ниво, а со мали чекори можевме да ги направиме..

од nenad
1 минути читај за

Зајкова го критикува Тупанчески..

„Реформите во правосудниот систем не се на некое завидно ниво, а со мали чекори можевме да ги направиме. Не навлегувам во персонални решенија, но ресорот како ресор има многу работа и има многу што да се работи – од Судскиот совет, судската администрација, одговорност на судии итн. Да детектираме кои се тие судии и обвинители кои се подложни на корупција и не си ја вршат својата работа“, рече Зајкова.

Нешто подипломатски беше одговорот на потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, околу можноста за смена на Тупанчески.

„Можам да имам лични перцепции, најбитно е сите министри во своите ресори да бидеме на висина на задачата и да се работи исклучиво во инетерес на граѓаните. Не сме сите компетентни да го даваме своето мислење, а најдобро мислење на крајот го дава јавноста за тоа кој најдобро се грижи за нивните интереси“, искоментира Костадинов за тоа како ја оценува работата на Тупанчески и за тоа дали треба да биде заменет со кандидат од Алијанса за Албанците.

Инспирирано од: infomax.mk