Почетна ЕкономијаЗаменик министерката за животна средина Лашкоска во посета на Радовиш

Заменик министерката за животна средина Лашкоска во посета на Радовиш

од nenad
1 минути читај за

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска денеска престојувла во Радовиш каде се сретнала со градоначалникот Љупче Почивалец, кој за посетата информираше преку својот фејсбук профил.

Лашкоска и Почивалец разговарале за реализацијата на тековните и планираните инфраструктурни проекти, како и за можностите за унапредување на соработката помеѓу Министерството и Општина Радовиш.

-Во фокусот на разговорите беа два значајни инфраструктурни проекти за нашата општина: изградбата на фекалната и атмосферската канализација во Урбан блок 15 во Радовиш, како и реализацијата на третата фаза од проектот за уредување на речното корито на Ораовичка Река – објави Почивалец.

За време на посетата, Лашкоска и Почивалец извршиле и обиколка на локациите предвидени за реализација на проектите, при што се запознале со состојбата на терен и планираните активности.

Градоначалникот посочи дека средбата поминала во пријатна и конструктивна атмосфера, со заедничка подготвеност за продолжување на соработката и преземање конкретни чекори за реализација на планираните проекти. рт/дма/

Фото:Општина Радовиш