Американскиот претседател, Доналд Трамп, упати закани за одземање на дозволите за емитување на големите телевизиски куќи, кои упатуваат критики кон него и неговите политички соработници.
“Ако информативните програми и доцно-ноќните емисии на телевизијата се речиси сто отсто негативни кон претседателот Доналд Ј. Трамп, МАГА и Републиканската партија, зарем не би требало да им бидат одземени нивните скапоцени дозволи за емитување? Јас велам: ДА!”, објави Трамп на својата платформа „Truth Social“.
Трамп исто така го нападна водителката Стивен Колберт, опишувајќи го како „безнадежен пропаднат без талент“ и апелираше до Си-би-ес (CBS) да го отстрани од програмата и пред истекот на неговиот договор, кој завршува идната година.
Критики упати и кон водителите на Си-би-ес (CBS), Еј-би-си (ABC) и Ен-би-си (NBC).
Ова не е првпат Трамп да влезе во конфликт со водители и новинари од големи медиумски организации, обвинувајќи ги за непријателски став кон него.
На почетокот од декември, тој поднесе тужба против Би-би-си (BBC), барајќи отштета од 10 милијарди долари, со тврдење дека еден од неговите говори од 2021 година бил монтиран во документарна емисија на Панорама.
Во октомври, поднесе тужба за клевета од 15 милијарди долари против „Њујорк тајмс“ и тројца новинари.
Дозволите за телевизиските мрежи во САД се издаваат и се регулираат од страна на Федералната комисија за комуникации (FCC).
ми/фото: „Truth Social“.
Извор: МИА