Table of Contents
Херве Пјер ѝ е омилениот дизајнер на Меланија Трамп, кој ги прави најдобрите креации за неа
Долгиот бел фустан што го носела Меланија Трамп на инаугурацијата ја истакнал нејзината става на најдобриот можен начин. Творецот на оваа креација е францускиот дизајнер Херве Пјер.
Овој дизајнер има импресивна кариера зад себе: работел за модни куќи како „Каролина Херера“ и „Оскар де ла Рента“, па ѝ станал личен асистент на Меланија уште пред таа да стане првата дама на Соединетите Американски Држави.
Првиот голем момент: Инаугурацијата во 2017 година
Нивната соработка добила глобално признание за време на претседателската инаугурација на Доналд Трамп во 2017 година, кога Меланија носела бел фустан со голи раменици, со дискретни ракави и тенок црвен ремен на половината. Оваа едноставна, но префинета креација станала симбол на елеганцијата, а Пјер во таа пригода изјавил:
„Овој фустан не е само резултат на мојот дизајн, туку е и одраз на стилот на Меланија – дискретен, модерен и беспрекорно скроен.“
Посебни моменти за време на мандатот
Поврзани објави
За време на мандатот на Доналд Трамп, Меланија често одбирала креации на Пјер за клучни дипломатски и јавни настани. На приемот во чест на кралското семејство во Лондон во 2019 година, таа ги засенила сите во елегантен фустан во боја на слонова коска, со дискретни сребрени детали. За посетата на Токио истата година, носела цветен фустан со раскошни ракави, со кој ѝ оддала почест на јапонската култура и уметност.
Една од највпечатливите случки е онаа за време на божиќната вечера во Белата куќа во 2018 година. Меланија тогаш носела црвен фустан на Пјер, украсен со рачно извезени детали. За време на вечерата, присутните се шегувале дека Меланија се вклопила со божиќните украси, на што Пјер, кој бил присутен, духовито одговорил:
„Дизајнерот мора да мисли и на ентериерот!“
Херве Пјер за Меланија
Пјер често истакнувал дека Меланија има многу јасен моден идентитет и дека секој нејзин фустан испраќа порака.
„Нејзината гардероба секогаш е внимателна осмислена – секое парче зборува за нејзиното достоинство, самодоверба и за нејзината улога на глобалната сцена“, рекол Пјер во интервју за „Вог“.
Еден од најинтересните моменти од нивната соработка бил кога Меланија, по посетата на Ватикан во 2017 година, инсистирала на црн фустан со превез – симбол на почитта кон католичката традиција. Пјер подоцна изјавил дека токму тој фустан бил еден од неговите најголеми професионални предизвици, бидејќи морал да ги исполни и строгите протокорални барања и желбата на Меланија за елеганција.
ФОТО: Инстаграм @herve_pierre_creative_director