Полната сала во „Gastro Globus“ во еден глас ги пееше нејзините хитови, а видеата предизвикаа бурни реакции
Снежана Ѓуришиќ синоќа одржа концерт во Загреб кој силно одекна во јавноста и на социјалните мрежи. Во преполната сала на „Gastro Globus“, околу 2.000 луѓе заедно со неа ги пееја „Odakle si sele“, „Vidovdan“, „Kuće male krečene u belo“ и други фолк евергрини.
Снимка од моментот кога целата публика во еден глас ја пее „Odakle si sele“ брзо се прошири на интернет и предизвика лавина коментари. Многумина ја опишаа вечерта како доказ дека музиката ги брише границите и дека емоцијата била посилна од какви било поделби.
Во коментарите доминираа пофалби за пејачката, која беше опишана како уметница што ги сака своите, а ги почитува туѓите. Дел од публиката порача дека вакви концерти покажуваат зрелост и отвореност, а атмосферата ја оценија како исклучително позитивна и емотивна.
Сепак, имаше и поединечни негативни реакции од оние на кои не им се допадна што во Загреб се пеат стихови со спомнување на Србија. И покрај тоа, концертот уште еднаш потврди дека нејзините песни имаат силна регионална моќ и публика која знае да ја препознае искрената емоција.
printskrin youtube – svetski radio- dzurisic