Жените повозрасни од 50 години би требало да обрнат внимание
Модните стилисти советуваат како жените да ги одбегнат замките на „старинското облекување“ – тајната е во тоа да не купувате веќе одредена гардероба и модни детали.
Во оваа замката најчесто паѓаат оние дами кога за време на шопингот се прашуваат дали одредено парче е соодветно за нивните години. По долго размислување што да облечат за свечена вечера, тие секогаш му се враќаат на малото црно фустанче.
И така, тие стануваат само уште еден од бројните црни фустани таа вечер, невпечатливи и скромни. Невпечатливо и скромно е токму тоа што треба да го одбегнуваат жените постари од 50 години, велат стилистите. Како Хелен Мирен успева да изгледа како да има 60-тина години, а ѝ се ближи 80. роденден?
Поврзани објави
Таа попрво ќе облече син фустан отколку црн, а можеме да ја видиме и во розов или сребрен. Не се плаши да покаже малку кожа, иако немала никакви пластични операции. Добро се чувствува во сопствената кожа и нејзината самодоверба е доволна за да ги скрие сите нејзини ситни несовршености.
Модните експерти велат дека на повозрасни години нема причина да претерувате со класика. Имате доволно искуство за да си играте со бои и дезени. Заборавете на нежните и срамежливи цветчиња, испробајте необични геометриски дезени, кои сите ќе ги забележат. Одберете интензивни бои или силни контрасти.
Престанете да ги усогласувате чантата и обувките по боја, тоа одамна е демоде. Ако сакате да инвестирате во нешто, тоа нека биде чанта по последна мода – со неа сите ваши стари комбинации ќе изгледаат обновено. Истото важи и за ефектните обувки што се во тренд.
Нема далеку да ве одведат ниту дискретниот накит и другите детали. Или одлучете се за погломазни парчиња, како широки белегзии преку спуштени долги ракави или наредете повеќе понежни синџирчиња и обетки. Не заборавајте ги и очилата за сонце – тие ве штитат и ги кријат отечените капаци и брчки околу очите.