Многу добро ги познаваме мајката и сестрата на Кејт Мидлтон. Керол и Пипа не се кријат од јавноста, го сакаат публицитетот што им го донесе бракот на Кејт и принцот Вилијам, па со задоволство го прифатија статусот на познати личности, чии чекори будно се следат. Сепак, истото не може да се каже за братот на принцезата од Велс.
Џејмс Мидлтон, колку и да се труди да остане надвор од радарот, сепак привлекува внимание – најмногу од жените – поради неговиот заводлив изглед. Помладиот брат на Кејт Мидлтон, можеби не е член на кралското семејство, но неговата крвна врска со принцезата од Велс и самиот негов изглед ја заинтригираа јавноста.
Тој е познат како човек кој обожава кучиња, негува силни семејни врски и отворено зборува за менталното здравје. Годинава полни 38 години, посветен сопруг е и татко на момчето Иниго Габриел, кое го доби во бракот со Ализе Тевенет пред две години.
Иако ретко зборува за својата сестра и зетот, во интервју за „Ало!“, Џејмс откри симпатична анегдота поврзана со принцот Вилијам. На прашањето дали љубовта кон кучињата е предуслов за да му се приклучи на семејството Мидлтон, тој се насмеа и одговори:
Вилијам отсекогаш сакал кучиња. Имал многу силна врска со црниот лабрадор по име Виџон додека растел, па веќе ја знаел моќта што ја имаат кучињата“.
Поврзани објави
Денес, Џејмс живее со неговата сопруга Ализе Тевенет и нивниот син Иниго на една фарма во Баклбери, во англиската област Беркшир. Има шест кучиња кои се полноправни членови на семејството – четири кокер шпаниели – Зулу, Инка, Луна и Нала – и два златни ретривери, Мејбел и Исла.
Починатото куче по име Ела имаше посебно место во неговиот живот – Џејмс отворено зборуваше за тоа како таа му помогнала да ја надмине тешката битка со клиничката депресија.
Фото: Инстаграм