Почетна Убавина и здравјеЖените лудуваа по него! – Убавина и здравје

Жените лудуваа по него! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Неговата затворска фотографија стана вирална, а денес е успешен модел, актер и автор

Кога во 2014 година полицијата од Калифорнија ја објави фотографијата на уапсениот Џереми Микс, целиот свет полуде по него. Темен тен, изразена вилица и ладен поглед – инстантно стана вирален феномен. Го нарекуваа „најубавиот робијаш на светот“, а неговиот живот се променил од темел.

Криминал, банди и затворска ќелија

Роден на 7 февруари 1984 година во Такиома (Вашингтон), Микс пораснал во насилно опкружување, со родители зависни од дрога. Уште како тинејџер западнал во лошо друштво и станал дел од озлогласената банда Крипс. Се нижеле кражби, тепачки, илегални оружја и судски процеси. Бил уапсен повеќе пати, а во 2014 година завршил зад решетки поради поседување оружје и учество во криминални активности.

Но токму тогаш, неговата фотографија од затвор стана вирална. Во рок од неколку часа целиот свет дозна за „згодниот робијаш“. Интернетот експлодира, а модните агенти побрзаа да му понудат договори – иако сè уште беше зад решетки.

Од затворска ќелија до модна писта

Откако во 2016 година бил пуштен на слобода, Џереми Микс потпишал договор со позната модна агенција. Само една година подоцна, дебитирал на Модната недела во Њујорк, каде што носел парчиња од брендот „Филип Плејн“, а потоа и во Милано за „Томи Хилфигер“.

Набрзо се појавил на насловните страници на модни магазини, во кампањи за познати брендови, интервјуа, луксузни патувања и на црвени килими. Станал заштитно лице на парфемот Gisada, лансирал своја модна линија и заработил милиони.


Поврзани објави

Бурна љубов и татковство

Џереми во 2008 година се оженил со Мелиса, со која има син. Нивниот брак се распаднал по неговото излегување од затвор, а Микс потоа запловил во врска со наследничката на модната империја Topshop, Клои Грин. Нивната врска ѝ го привлекла вниманието на јавноста, особено затоа што добиле син Џејден. Сепак, се разделиле во 2019 година, но останале во коректни односи поради детето.

Денес е актер, модел и автор

Микс денес е комплетно посветен на кариерата и семејството. Објавил автобиографија со наслов Model Citizen, во која брутално искрено го опишал својот живот – од улица на писта. Неодамна се испробал и како актер – прво играше во филмот Trigger (2020), а во 2025 година се појави во романтичната комедија Love After Holidays, која премиерно беше прикажана на Јамајка, токму на неговиот роденден.

Покрај глумата, планира да се испроба и во режија, а најавува и музички проект инспириран од личните искуства.

Џереми Микс порачува: „Бог ми даде втора шанса и нема да ја прокоцкам“

Денес, Микс често зборува за важноста на рехабилитацијата и втората шанса за поранешните осуденици. Истакнува дека е благодарен за втората шанса што ја добил  и дека ја користи својата популарност за да ги инспирира другите да се променат.

„Не сакам да ме паметат како ‘убавиот робијаш’, туку како човек кој го сврти својот живот во вистинската насока и од темнината извлече светлина“, рекол во едно интервју.

ФОТО: Инстаграм