Почетна ЕкономијаЖелезничка станица во Нови Сад: рушење, реконструкција или делумна употреба

Железничка станица во Нови Сад: рушење, реконструкција или делумна употреба

од nenad
2 минути читај за

Министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Александра Софронијевиќ, денеска изјави дека железничката станица во Нови Сад, на која се случи трагичен инцидент кога бетонска настрешница падна на 1 ноември 2024 година, предизвикувајќи загуба на 16 животи, ќе биде предмет на статичка анализа.

Врз основа на резултатите од оваа анализа, ќе се донесе одлука дали објектот ќе биде срушен, обновен или делумно искористен – само во оние делови кои се потполно сигурни.

„Имаше барање од Вишиот суд во Нови Сад за проширување или дополнување на обвинението и дека изменетата истражна постапка се уште е во тек. Паралелно со тоа, имаме забрана за влез во зградата на станицата и дадена е наредба да се испита целокупната статика на зградата на станицата во Нови Сад“, изјави Софронијевиќ за српските медиуми.

Таа додаде дека поради забраната за влез во објектот, во моментов не е можно да се спроведат физички испитувања на статиката на зградата. Според неа, додека не се разрешат сите проблеми, статусот на зградата останува непроменет, без можност за влез и темелна проверка на нејзината статичка стабилност.

„Решенија ќе се бараат кога ќе добиеме официјален извештај за тоа што можеме да направиме со таа зграда. Дали е за уривање, дали е за реконструкција…“ – појасни министерката.

Софронијевиќ нагласи дека се разгледуваат и алтернативни решенија. „Имено делот што е целосно безбеден, а тоа е делот од платформата со премин под коридорот, може да се користи како станица кога две земји (Србија и Унгарија) ќе се договорат за пуштање на (брзата пруга) во патнички сообраќај во одреден период“, рече таа.

На прашањето за датумот на отворање на брзата пруга од Нови Сад до Суботица, министерката одговори дека железницата ќе биде отворена по завршувањето на инспекцијата на сите станици, или само пругата без станиците, што е можно да се случи во следниот месец или месеци и половина. Исто така, таа напомена дека отворањето на железницата ќе зависи од координацијата со Унгарија, која работи на завршување на својот дел од проектот.

зш/фото ЕПА