Почетна ЕкономијаЕсенска магија на ракотворби во Рамстор Мол

Есенска магија на ракотворби во Рамстор Мол

од nenad
1 минути читај за

Со радост ја споделуваме успешната реализација на настанот „Есенска магија на ракотворби“, кој се одржа во Рамстор Мол  во соработка со Занаетчиска Комора на РСМ . Настанот ја слави креативноста, умешноста и трудот на локалните ракотворци, создавајќи вистинска есенска магија исполнета со уникатни дела.

Во рамките на овој настан, беше организирано и добротворно поклонување на колачиња, дел од проектот „Образување и економско зајакнување на жените“, поддржан од  Aмбасадата на Р.Словенија во Скопје кој успешно го имплементираше Занаетчиска Комора на РСМ.

На настанот присуствуваше Амбасадорот на Р. Словенија неговата екселенција г-дин. Грегор Прескер во придружба на неговата сопруга и  претставници од Амбасадата и Претседателот на Занаетчиска Комора Г-дин Агрон Фазлији со директорката г-ѓа Јелена Спасова. Со оваа иницијатива испративме порака за заедништво, солидарност и поддршка, истовремено промовирајќи економски и социјален развој за жените.

Благодарност  на сите учесници кои ја поддржаа  нашата мисија за создавање можности и инспирација, и ве покануваме да ја посетите  Есенската Магија на ракотворби во Рамстор Мол која ќе биде изложена до недела , 01.12.2024 .