Почетна ТехнологијаСЛАВЕСКИ: НЕ САМО ШТО ГИ ИМА ПОТРЕБНИТЕ 23, ТУКУ ЗА ОДЛУКАТА ГЛАСАА 29 СОВЕТНИЦИ, ТОА МОЖЕ ЛЕСНО ДА СЕ ВИДИ ОД СНИМКИТЕ

СЛАВЕСКИ: НЕ САМО ШТО ГИ ИМА ПОТРЕБНИТЕ 23, ТУКУ ЗА ОДЛУКАТА ГЛАСАА 29 СОВЕТНИЦИ, ТОА МОЖЕ ЛЕСНО ДА СЕ ВИДИ ОД СНИМКИТЕ

од nenad
1 минути читај за

ДА СЕ ПРЕБРОИМЕ! Предизвикувачите на хаосот со јавниот превоз во град Скопје, на чело со градоначалникот Арсовска, го оспоруваат потребниот кворум од 23 членови на Совет присутни во салата за време на гласањето по Заклучокот. Не 23, туку во моментот на гласање беа присутни 29 членови на Совет на град Скопје, како што може да се види од приложените фотографии и од видео записот од седницата. 29-тиот присутен е претседателот на Совет, кој не е во кадарот. Очекуваме Арсовска да се вразуми и како што ние можевме да закажеме вонредна седница во рок од 13 часа од поднесување на барањето, уште утре (сабота, 30.11.2024 г.) да постапи според задолжението од Совет, а Советот да одржи уште една вонредна седница во текот на викендот, со што ќе се реши проблемот со приватните превозници.