Почетна ЕкономијаЕрменија и Иран договорија стратешко партнерство

Ерменија и Иран договорија стратешко партнерство

од nenad
1 минути читај за

Ерменскиот премиер, Никол Пашињан, денес соопшти дека постигнал согласност со иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, за унапредување на билатералните врски до рамниште на „стратешко партнерство“, како што пренесоа ерменските медиуми.

Тој ги изнесе овие коментари на заедничка прес-конференција со Пезешкијан, кој од вчера престојува во официјална посета на државата.

Пашинјан изрази оптимизам дека посетата на Пезешкијан ќе ги интензивира пријателските односи меѓу двете држави.

Ерменскиот претседател потенцираше дека цврстото партнерство и взаемната доверба меѓу Ерменија и Иран се втемелени на силното пријателство меѓу двата народа, „кое достоинствено го издржа тестот на времето и, во извесна смисла, ги испреплете историските патишта на двата народа“.

„Се согласивме дека е крајно време да се работи на подигнување на односите меѓу нашите земји на ниво на стратешко партнерство“, изјави Пашињан.

фото: ЕПА.

Извор: МИА