Почетна ТехнологијаЕкспремиерот на БиХ осуден на четири години затвор за набавка на неисправни респиратори

Експремиерот на БиХ осуден на четири години затвор за набавка на неисправни респиратори

од nenad
1 минути читај за

Новалиќ го оцени целиот процес како „монтиран“, наведувајќи дека „странските режисери и домашните изведувачи го доведоа процесот до крај со грубо кршење и газење на правдата“.Тој денеска на Фејсбук напиша дека ќе ја „разоткрие структурата“ која го осмислила процесот против него и дека во наредните денови ќе ги презентира сите информации што ги има во врска со, како што оцени, „монтираниот процес“.

Новалиќ, Солак и Хоџиќ се обвинети дека набавиле стотина респиратори вредни пет милиони евра, кои ги увезла компанијата „Сребрена малина“ од Кина за потребите на Федералната управа за цивилна заштита по прогласувањето на пандемијата на корона вирусот во 2020 година. Подоцна се покажало дека купените респиратори се неисправни. Судењето траеше повеќе од две години.