Почетна Убавина и здравјеЕкспертите детално ги објаснуваат сите предности и недостатоци – Убавина и здравје

Експертите детално ги објаснуваат сите предности и недостатоци – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Топла напивка како што е билниот чај често се смета за лек за респираторните заболувања, како настинка или грип. Истражувањата покажуваат дека топлите пијалаци можат да помогнат привремено да се ублажат симптомите, како течење на носот и болки во грлото. Освен тоа, не може да негираме дека шолја топол пијалак ни дава утеха за време на лошите денови. Но дали кафето може да помогне?

Кафето и неговата топлина не се доволни за да може да ви помогне кога сте болни. Други, похидрантни пијалаци како вода, топли билни чаеви и топла супа помагаат подобро кај респираторните заболувања, бидејќи одржуваат добро ниво на хидратација за време на болеста, за разлика од кафето.

Но ако ви треба кофеин, изберете зелен чај, кој е многу понежен за стомакот. А еве зошто не е добро да пиете кафе кога сте настинати или грип:

Стимулирачката природа на кофеинот може да биде контрапродуктивна во случај на настинка или грип. Имено, кога сте болни, одморот треба да ви биде приоритет за вашето тело да закрепне од вирусот, а кафето може да го отежне потребниот сон.

Истото важи и за енергетските пијалаци, кои во себе имаат повеќе кофеин од шолја кафе, пишува Huffpost.

Кофеинот има слабо диуретично дејство, па може да дојде до дехидрација, но тоа не важи за секого. Неодамнешните истражувања покажуваат дека луѓето кои редовно пијат умерено количество кафе нема да се дехидрираат од кофеинот. Секоја дехидрација поради диуретичната природа на кофеинот е забележана кај оние кои не се навикнати на кафето и кои пијат премногу кафе одеднаш.

Значи, ако вообичаено не пиете кафе, не е добра идеја да пиете голема шолја кафе кога сте настинати или имате грип. Наместо тоа, важно е да се хидрирате со вода. Ако повраќате или имате дијареја поради болест, особено е важно да се фокусирате на хидратацијата.

Може да предизвика стомачни проблеми

Освен што го стимулира варењето, кафето кај некои луѓе може да предизвика и стомачни тегоби.


Поврзани објави

Некои од инфекциите, особено грипот, понекогаш може да предизвикаат гастроинтестинални симптоми, а влошувањето на целиот тој систем од желудникот до цревата едноставно не е добра идеја“, објасни Суан Хасиг, вонреден професор по епидемиологија на Универзитетот Тулан во Њу Орлеанс. 

Може да квлезе во интеракција со некои лекови

Кофеинот особено може да ги подобри ефектите на стимулансите, како псеудоефедринот, кој често се користи за ублажување на симптомите на настинка и грип.

Може да влезе во интеракција и со антибиотици, кои мора да ги земате доколку имате бактериска инфекција. Меѓутоа, ако редовно консумирате кафе, можете да ги толерирате овие лекови бидејќи вашето тело веќе се навикнало на ефектите на кофеинот.

Мали количини кафе се прифатливи

Иако не треба целосно да престанете да пиете кафе кога сте болни, добра идеја е да ја намалите количината на кофеин што го консумирате во овој период.

Инаку, нема ништо лошо во шолја кафе, особено во првата половина од денот, бидејќи може да спречи главоболки и да ни помогне да се раздвижиме“, додаде Хасиг, но треба да бидете умерени и да се одморате доволно.

Многу е важно секогаш, а особено за време на болест, да одржувате добро ниво на хидратација, а најпогодни се обичната вода и природните сокови, советуваат експертите.

Фото: Pexels/Pixabay