Почетна МакедонијаЕксклузивно: Пронајдено 4-годишното дете од Македонија кое исчезна во Голем

Ексклузивно: Пронајдено 4-годишното дете од Македонија кое исчезна во Голем

од nenad
1 минути читај за

Среќна вест пронајдено е 4-годишното дете од Македонија кое денеска исчезна во Голем, во близина на Алто Маре.

По објавениот итен апел за помош и неколкучасовната потрага, детето е пронајдено, информацијата за Македонски весник “Илинден“ ја потврди JOQ Albania.“

Детето исчезна во текот на денот, по што семејството веднаш пријавило во полиција и започнала потрагата во областа на Голем, особено во близина на плажата и туристичките објекти.

Во моментот на исчезнувањето, детето било облечено во зелено костимче за капење, а со себе носело пиштол-играчка на вода, по што семејството упати итен апел до сите кои биле во областа да помогнат во потрагата.

За среќа, потрагата заврши со позитивен исход и детето е пронајдено.


Post Views: 591