Почетна Убавина и здравјеЕдно правило е пресудно! – Убавина и здравје

Едно правило е пресудно! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ако сакате да го прочистите својот живот од непотребни луѓе и работи, важно е само едно нешто: одлуката да го сторите тоа сега

Непромисленото трошење и многубројните реклами што нѐ бомбардираат придонесоа за тоа повеќето од нас да имаат купишта непотребни работи дома. Плакарите до пукање се исполнети со облека што не ја ни носиме. Книгите што не ги читаме само собираат прашина, додека балконот потсетува на депонија.

Како правилно да го исчистите животниот простор?

Насобирањето непотребни работи може да доведе до депресија, бидејќи нередот во домот, создава неред во главата. Тоа е вид на ѓубре што треба да го исфрлите за да се чувствувате добро.

Еве како да го прочистите својот животен простор од непотребни работи и луѓе…

Прв чекор: ПРЕДМЕТИ

Предметите најчесто нѐ поврзуваат со минатото. Непотребните работи знаат да ја прекинат нашата врска со сегашниот момент и го попречуваат нашиот живот. Луѓето кои имаат храброст да ги подарат, продадат или да ги фрлат работите од минатото, доживуваат апсолутна слобода.


Поврзани објави

На крајот на краиштата, животот нема да ви стане полош ако имате само два пара обувки наместо 15. Мари Кондо препорачува секој предмет да го земете во раце и прво да размислите кога последен пат сте го користеле. Ако тоа било пред 2 години, време е да го фрлите.

Втор чекор: ТЕЛО

Денес кога знаеме кои намирници се штетни и нѐ трујат, време е да ги исфрлиме шеќерите и преработените производи од исхраната. Обидете се да јадете здрава храна, зготвени оброци какви што приготвувале нашите баби и мајки. Не оптоварувајте се со тоа што ќе јадете, само пригответе основни оброци, а десертот оставете го за викенд. Кога ќе симнете неколку килограми без диета, ќе сфатите колку полесен може да ви биде животот.

Трет чекор: УМ

Не е тајна дека нервозата ги разболува луѓето. Истражувањата покажуваат дека 90 отсто од работите за кои се грижиме никогаш не се случуваат. Тоа значи дека се грижите за нешто што може никогаш да не се случи. Сите сме доволно возрасни и свесни дека треба да ги исфрлиме од животот луѓето што нѐ трујат. Ако се дружите со некој кој често ве „поткопува“ со негативни коментари или ви го расипува денот, едноставно, одбегнувајте го.

Доколку често ве мачат мрачни мисли, психолозите имаат одлична вежба. Запишете ги на хартија црните мисли што често ве опседнуваат. За секоја една грижа, напишете и една позитивна мисла што разведрува. Така, кога ќе почнете да се мачите со одредена грижа, препознајте ги и сетете се на веселите мисли што можат да ја совладаат.

Само сетете се дека вие сте господари на своите мисли и дела, а како зрачите, така привлекувате.