Нема повпечатлив додаток за убавина од прекрасен парфем кој лесно ќе остави трага каде и да поминеме, особено ако најдеме таков што ќе биде наш печат по кој луѓето ќе не препознаваат.
Ако сте од оние личности кои обожаваат парфем, но мирисот го намалува интезитетот веднаш откако ќе го ставите, ве разбираме, се мачевме со истиот проблем и најдовме решение !
Причина може да биде нанесување на погрешни места, користење цветни или овошни парфеми кои траат помалку од ориенталните парфеми, недоволно хидрирано тело или едноставно не правилно чување на парфемот. Но, не грижете се, постојат неколку трикови со кои вашиот омилен парфем ќе трае подолго на вашето тело.
Нанесете хидратантна крема или лосион
Лосионите и кремите делуваат како еден вид лепак за парфем. Доколку сакате мирисот на вашето тело да трае подолго, втријте го лосионот на местата каде што сакате да го нанесете парфемот. Кожата ќе остане мрсна и нема да го впие парфемот. Изберете неутрална хидратантна крема за да не се мешаат мирисите и така целото внимание да биде на парфемот.
Комбинирајте ги мирисите стратешки
Поврзани објави
Дали обожавате мириси на цитрус, но не сакате да го поминете целиот ден носејќи парфем за да мириса? Трикот е многу едноставен. Обложете го со парфем кој има поцврста основа за да го продолжи рокот на траење на кожата.
Пуштете ја косата надолу
Косата ви мириса подобро од кожата, па ако имате долга или средна коса, нанесете парфем на краевите на косата. Косата најмногу се движи на врвовите, па околу нас се шири пријатниот мирис на парфемот.
Чувајте го парфемот на вистинското место
Ако сакате вашиот парфем да трае подолго во шишенцето, чувајте го на поладно и потемно место. Многумина од нас чуваат парфеми во бањата, но тоа всушност не е добро место поради влажноста и пареата, како и топлината што се создава при туширање.
Фото: Freepik.com