Карла Бруни била покрај сопругот Никола Саркози во моментот кога бил осуден на пет години затвор
Некогашната прва дама на Франција, Карла Бруни (57), имала подготвено совршен план: ќе изгледа како сосема обична жена, па за судењето на нејзиниот сопруг облекла обичен црн капут, црни панталони и темносина маица. Не носела шминка, ниту накит. Планот бил да изгледа скршено, но вродениот талент за шоубизнис не ѝ дал мир, па кокетно им се насмевнала на камерите.
Саркози добил неочекувана пресуда – пет години затвор порави кривична завера во врска со наводното финансирање на неговата претседателска кампања од 2007 година од страна на либискиот лидер Муамер Гадафи. Ова е првпат некој поранешен француски претседател да биде осуден на вистинска затворска казна.
Саркози кажал дека ќе се жали, но ако биде потребно и ќе спие во затвор со крената глава.
Поврзани објави
Саркози претходно бил осудуван во неколку други случаи, вклучувајќи го и случајот со прислушување поради кој добил три години затвор во 2024 година, од кои една година била условна, а остатокот го издржувал под електронски надзор. Исто така, бил осуден поради незаконско финансирање на кампања од 2012 година, познато како случајот „Bygmalion“. Поради тие пресуди, во јуни 2025 година му била одземена Легијата на честа.
И покрај сите овие проблеми, неговата сопруга Карла Бруни останала покрај него и го чекала. Додека сопругот бил дома со алка на ногата, таа посетувала модни писти, снимала албуми и водела активен социјален живот.
Сега се поставува прашањето дали со истиот жар ќе остане покрај својот 70-годишен сопруг, кој наредните пет години ќе ги помине во строго чуван затвор?