Вељко Ражнатовиќ со искрена исповед за најтешките моменти во животот
Во неодамнешно интервју, Вељко Ражнатовиќ, синот на познатата пејачка Цеца Ражнатовиќ, отворено зборуваше за најтешките периоди во својот живот. Тој сподели дека имало моменти кога се чувствувал како да го допрел дното, опишувајќи ги како исклучително тешки и предизвикувачки.
Еднаш го допрев дното… За мене тоа беше крај“, изјави Вељко, нагласувајќи ја длабочината на своите емоции во тие периоди.
Иако водителката го праша за што станувало збор, да даде повеќе детали тој само кусо одговори:
Поврзани објави
Не би навлегувал во детали јавно… но, знаете, тогаш сфатив дека тоа е крајот, дното е тука. Едноставно земав воздух, силна верба во верата ие еве успеав. Мора секој тоа да го направи“.
Сепак, Вељко истакна дека овие искуства му помогнале да стане посилен и поотпорен. Тој верува дека токму тие тешки моменти го обликувале како личност и му дале нова перспектива за животот.
Ова интервју на Вељко Ражнатовиќ е потсетник за важноста на менталното здравје. Неговата отвореност може да охрабри и други да зборуваат за своите предизвици и да побараат помош кога им е потребна.
Фото: printskrin Youtube/ Informer