Се наведува дека можноста за негово враќање на чело на САД предизвика загриженост во Европа во врска со американската поддршка за Украина, но и посветеноста на Вашингтон кон Алијансата.Трамп претходно изјави дека ќе ја „охрабри“ Русија да ги нападне земјите од НАТО кои одбиваат да ги платат нивните „сметки“, додека Џон Болтон, неговиот поранешен советник за национална безбедност, предвиде дека доколку биде реизбран, поранешниот републикански претседател би можел да се обиде да ги повлече САД од НАТО.
„Дејли телеграф“ минатиот месец објави дека британската влада засега нема план во случај на сценариото за повлекување на САД од НАТО.Од друга страна во другите европски држави се зголемува свеста дека мора да се направат подготовки во случај на ова сценарио.
Еден од неименуваните европски дипломати изјави за британскиот весник дека коментарите на Трамп „секако“ предизвикуваат „загриженост“.
– Никој не знае кој ќе бидат следните чекори на Трамп – изјавија дипломатите, пренесува Дејли Телеграф.
Неименуваниот функционер смета дека земјите-членки на НАТО мора да „направат планови“ во случај на сценарио во кое Трамп ја ослабува посветеноста на Вашингтон кон Алијансата.
– Подготовките мора да се завршат – порачаа дипломатите.
Сепак, тие посочија дека значително е зголемен бројот на земји членки на НАТО кои се придржуваат до зацртаната цел на Северноатлантската алијанса, според која секоја држава членка треба да инвестира два отсто од БДП во одбраната.
Тоа би значело дека земјите-членки на Алијансата би можеле да му кажат на Трамп дека „го добива она што го сака“.Дипломат од друга земја на НАТО е цитиран како вели дека коментарите на Трамп јасно покажале дека Европа е „претерано зависна од САД“.
Дипломатите оценија дека е „неопходно“ да седискутира за тоа како Европа да се справи со ризикот од американско повлекување од НАТО алијансата.Многумина од европските НАТО членки сметаат дека Велика Британија треба да пону уште поголемо лидерство во европската безбедност бидејќи „соколку САД се повлечат, ќе има огромна дупка“ во раководството на алијансата.
Дејли телеграф пишува дека неименуван дипломат за овој весник оценил дека неизвесноста за напуштањето на САД на НАТО ќе ги принуди европските земји „да размислуваат повеќе во сопствените престолнини за плановите за одбранбени трошоци – и дали тие трошоци се соодветни или не?Весникот потсетува дека министрите во британската влада инсистирале НАТО да се засили по приемот на Финска во април 2023 година и минатонеделниот прием на Шведска.
– Да бев функционер во кабинетот на кој било премиер ширум Европа, веднаш би им наредил на експертите во владата да почнат да подготвуваат некаков план за вонредни ситуации, размислувајќи како НАТО би изгледал и функционирал без САД, изјави Лорд Дарок.