Почетна Убавина и здравјеЕве што ќе читате во неа! – Убавина и здравје

Еве што ќе читате во неа! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Веќе ни стана традиција првото издание на магазинот што го подготвуваме секоја нова година да биде со акцент на љубовта. Идејата е секогаш да почнеме одново со, многумина ќе кажат, движечката сила на планетата. Дали и вие би кажале така? Или да преформулирам, дали и за вас љубовта е најважното нешто во животот на секого од нас?

И доволно е да се почне дебата, која најчесто оди во насока на дефинирањето на љубовта за секого од нас. Наједноставната дефиниција вели дека љубовта е „ментална и емотивна состојба на силна привлечност и најдлабока интерперсонална наклонетост кон друго битие“.

Точно е дека некој, или поточно, речиси секој, љуби и пари, но се надевам дека кога секој од нас зборува за љубов, зборуваме за љубов кон битијата. Па веднаш, во каква било дебата околу љубовта да ги тргнеме на страна материјалните нешта. Интересно е дека античките грчки филозофи почувствувале потреба да ги идентификуваат формите на љубовта и препознале шест форми: семејна љубов (storge), пријателска љубов или платонска љубов (philia), романтична љубов (eros), самољубие (philautia), гостољубие (xenia) и божествена или безусловна љубов (agape).

Ако ви е чудно што во овие примарни форми на љубовта е вброено и гостољубието, појавата на институцијата – гостопримство се случила во периодот на примитивното општество и била поврзана со потребата да се избегнат конфликти поврзани со заедничкото користење на природните ресурси.

Додека, пак, во античкиот свет, институцијата гостопримство добила меѓународно правен карактер со цел да ја обезбеди безбедноста на странските трговци. Така што, гостољубието не е исконски сродно на овие други пет форми на љубовта, но ете, филозофите ја вброиле на листата, ќе претпоставиме за „мир во куќа“.

Понатаму низ времето, бројни култури развиле уште низа форми и состојби поврзани со љубовта, а некои од нив дури и не можат да се преведат, прво на англиски, а потоа веројатно и на други јазици, бидејќи не постои соодветен збор во јазикот. Тоа веројатно оди во прилог на тоа дека љубовта едноставно е претешко да се дефинира и да се интерпретира вербално.

Но, некако, од раѓање, секој од нас знае што е љубов. Но како да каже или да ја покаже некому? И како некој друг нè разбира? Во овој број го имаме одговорот на ова прашање – има многу „јазици“ на љубовта. (стр.58)

Нашата насловна страница ја красат Љупка Митрова и Горан Митров во волшебни креации на нивниот моден бренд Mitroff.

Со фотографот Стефан СоколовскиBadStef, креираа филмска фотосесија со енергични модни фотографии, кои изобилуваат со карактер, емоција и висока естетика.

Но така е кога нештата се работат со многу љубов и страст.

Сега веќе чувствувам дека искомплицирав со филозофија, затоа за крај на ова писмо само ќе кажам – ве сакаме!

Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

Во продолжение, ви ги претставуваме темите што ве очекуваат во новиот број на „Убавина и здравје“:

У&З тренд

11 Усогласени стајлинзи

12 Шампањ-нокти

14 Убавината на вашата аура

16 Како божица

18 „Оскаровска“ треска

19 Знаете ли што е „фабинг“?

20 Тренинг на температури под нулата

У&З жени

24 MITROFF: Мода со карактер

30 Вера Милошевска – Јосифовска: Глас што остава трага

32 Благодариме, Жизел…

36 Жарко Димоски: Светот има потреба од џентлмени

Убавина и стил

40 Ви треба ли банка на колаген?

44 Неправилности на кожата? Победете ги!

46 Мирисни креации за стилски печат

47 Десет вистини за квасецот што не сте ги знаеле

48 Природните фризури се ИН

51 Што (не) сакам кај себе: Каљтрина Круезиу

52 Топла прегратка

Вити и здрави

54 За болка кажи НЕ

58 Сите јазици на љубовта

62 Велнес-трендови во 2025

У&З живот

67 Доволно смела сама да го истражи светот

72 Вкусете љубов

77 Специјал за венчавки: Новите свадбени ѕвона

86 Кои се новите наследници?

88 Селесте Дала Порта е белисима…

90 Симона Поповска ни одговори на прашањето што ја прави среќна

Колумни

34 Жана Базби: Љубов и романтика – како да ги одржите во живот?

38 Марија Лукаревска: Во име на љубовта

Текст: Убавина и здравје

Фото: BadStef, Getty Images