Почетна Убавина и здравјеБезбедно уживајте на сонце – Убавина и здравје

Безбедно уживајте на сонце – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Совесното изложување на сончевите зраци има повеќекратни позитивни ефекти.

Кожата при изложување на сонце се чисти, а добиваме и потопла, поприродна и поздрава боја.

Кожата изгледа посвежо, а ние се чувствуваме посреќни и поздрави бидејќи под влијание на сонцето во нашето тело се ослободува хормонот на среќата. Меѓутоа, влијанието на сонцето може да биде штетно доколку не се заштитиме соодветно.

Затоа, ви подготвивме неколку совети:

Поврзани објави

  • Избегнувајте сончање кога сонцето е најсилно, помеѓу 14:00 и 17:00 часот. Додека сте изложени на сонце, неопходно е да користите крема за сончање со заштитен фактор од најмалку 20;
  • Користете облека од заштитни материјали, кои не ви пречат при пливање и други спортски активности;
  • Носете облека во посветли бои;
  • Не заборавајте да ги заштитите главата, лицето и очите. Затоа, не заборавајте да понесете на плажа очила за сонце, капа и крема за сончање;
  • Бидејќи УВ зраците се рефлектираат од вода, камења и песок, ви препорачуваме да бидете во сенка;
  • Важно е да пиете многу течности, особено вода, за да спречите дехидрација. Избегнувајте слатки, газирани и алкохолни пијалоци.

Останете безбедни и сигурни за време на летните периоди и склучете полиса за здравствено патничко осигурување.

Текст и фото: ПР