Почетна Убавина и здравјеЕве кои болести најчесто се поврзуваат со групите А, Б, АБ и 0: Една е склона на дијабетес, додека друга носи долговечност

Еве кои болести најчесто се поврзуваат со групите А, Б, АБ и 0: Една е склона на дијабетес, додека друга носи долговечност

од nenad
2 минути читај за

Table of Contents

Дознајте кои здравствени проблеми ги предизвикуваат групите А, Б, АБ и 0 и како да се заштитите

Крвната група не е важно само за трансфузија на крвта, туку сè повеќе истражувања покажуваат дека може да имаат одредена поврзаност со склоноста на одредени болести и здравствени проблеми. Иако крвната група сама по себе не одредува дали ќе се развие некоја болест, научниците сметаат дека може да влијае врз начинот на кој организмот реагира на воспаленија, инфекции, стрес и згрутчувања на крвта.

Токму затоа, сè повеќе се проучува врската помеѓу крвните групи А, Б, АБ и 0 и различните здравствени ризици.

А

Луѓето со крвна група А се поврзуваат со зголемен ризик од болести на срцето, тромбоза и одредени видови опасни болести, особено оние што го зафаќаат дигестивниот систем. Кај нив е забележано и засилено лачење на хормонот на стрес кортизол, поради што стресот може да остави поголеми последици врз организмот. Некои истражувања укажуваат и на поголема можност за развој на проблеми со желудникот, панкреасот и белите дробови.

Б

Крвната група Б често се поврзува со метаболичките нарушувања, особено со дијабетес тип 2. Научниците претпоставуваат антигенот Б може да има влијание врз цревниот микробиом и воспалителните процеси кои придонесуваат за инсулинска резистенција.


Поврзани објави

Исто така, кај овие крвни групи се забележува поголем ризик од болести на срцето, карцином на мочниот меур и други инфекции. Од друга страна, постојат истражувања кои сугерираат дека луѓето со крвна група Б имаат извесна природна заштита од одредени болести, како маларија.

АБ

Најретката крвна група АБ носи карактеристики и на А и на Б групата, па кај неа се комбинираат и одредени здравствени ризици. Според одредени истражувања, луѓето со крвна група АБ се изложени на поголем ризик од проблеми со помнењето и развој на деменција во зрелата доба. Исто така, кај нив почесто се забележува ризик од создавање крвни згрутчувања, длабока венска тромбоза, мозочен удар и срцеви болести. Научниците тоа го поврзуваат со повисоки нивоа на фактори за згрутчувања на крвта.

0

Крвната група 0 се поврзува со помал ризик од одредени кардиоваскуларни болести, како мозочен и срцев удар. Затоа, понекогаш се смета дека луѓето со оваа крвна група се генерално поздрави. Докажано е дека кај луѓето со крвна група 0 постои помала веројатност за развој на некои болести на срцето и крвните садови. Поголемата отпорност на најопасните болести обично се поврзува со поголема веројатност за долг живот.

Сепак, докторите нагласуваат дека крвната група не е пресуден фактор за здравјето. Врз развојот на болести многу повеќе влијаат начинот на живот, исхраната, физичката активност, пушењето, алкохолот, генетиката и нивото на стрес. Крвната група може само да укажува на одредени предиспозиции и да им помогне на луѓето да обрнат повеќе внимание на превенцијата и редовните прегледи.