Синоќа се одржа настапот на бендот „Рибља чорба“, а местото на починатиот Бора Ѓорѓевиќ го зазеде Јован Јефтиќ…
Долгогодишниот соработник на Бора, пратечкиот вокал Јован Јефтиќ заедно со бендот пред публиката ги изведоа омилените и препознатливи песни на рок бендот „Риба чорба“.
Градот Чачак во чест на Борисав Бора Ѓорѓевиќ, кој не напушти по тешко боледување на 4 септември на 72-годишна возраст, на неговиот роденден организираше настан посветен на рок легендата.
Поврзани објави
Јован пееше од срце и предизвика силни емоции кај Чачанци, кои со овации го проследија настапот и на спектакуларен начин му оддадоа почит на својот починат сограѓанин.
Инаку, Бора Ѓорѓевиќ беше главен вокал и текстописец на рок групата „Рибља чорба“ од нејзиното основање во 1978 година.
Фото: printskrin Youtube/Dok anđeli spavaju
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: