Почетна Убавина и здравјеЕве каде треба да повлечете граница! – Убавина и здравје

Еве каде треба да повлечете граница! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Жените се во состојба да направат сè, да им помогнат на сите, но постојат некои работи што не би требало да ги прават за својот партнер

Во продолжение ви откриваме што жените никако не би смееле да прават за маж…

1. Да му помагаат финансиски

Дури и ако вашиот партнер се жали на финансиски проблеми, нема потреба да барате втора работа или да се задолжувате, за да го извлечете од таа ситуација. Доколку го направите тоа, тоа ќе биде голема грешка, поради која многу жени зажалиле.

2. Да му даваат скапи подароци

Ако го навикнете мажот на скапи подароци, тоа само може да ви ја скрати врската или бракот. Од подароци, мажите најмногу сакаат топлина, верба во него и прекрасни, вљубени погледи.

3. Да ги слушаат сите негови проблеми, како исповедник

Некои мажи обожаваат да им се исповедаат на партнерките. Кога се случува ова, жените обично мислат дека тоа што ја разбираат неговата болка и сочувствуваат со него, ќе придонесе за развојот на нивниот однос. Но тоа не се случува кај мажите. Жената која глуми рамо за плачење на маж, останува само тоа. Ништо повеќе и ништо помалку. Следниот пат кога ќе ви дојде со некој проблем, само кажете му: „Мислам дека си возрасен човек и дека лесно ќе го решиш тоа.“


Поврзани објави

4. Да му даваат совети

Заборавете на ова. Дури и ако партнерот ве праша што да прави, вие само кажете: ти најдобро знаеш! Кога им давате совет, за мажите тоа значи дека вие преземате одговорност за тоа што ќе се случи.

5. Да го подучуваат

Ако знаете повеќе од вашиот партнер, никогаш немојте да се доведете до ситуација да го подучувате нешто. Потоа, или ќе ве презира како жена (бидејќи сте поспособни од него) или ќе ве доживува како професорка, и тоа е тоа. Ако побара да му објасните нешто, само насмевнете се и кажете:

„Јас само малку разбирам од сето тоа. Најдобро би било да прочиташ некоја книга/ да погледнеш предавање и слично…“

Постојат различни начини како да го поддржите партнерот, но овој не е еден од нив.

ФОТО: Charlie Foster / Unsplash