Пејачката Ана Бекута открила како од Нада Полиќ станала една од најголемите ѕвезди на естрадата
Малкумина знаат дека вистинското име на славната пејачка Ана Бекута е всушност Нада Полиќ. Во далечната 1985 година, таа донела важна животна одлука – да го промени своето име и презиме со цел да се издвои од морето естрадни ѕвезди со истото име.
Имаше многу успешни пејачки со име Нада – Топчагиќ, Обриќ, Кнежевиќ, Мамула… Сакав да бидам поразлична“, открила Бекута.
Името Ана ѝ го предложил композиторот Предраг Вуковиќ – Вукас, додека пак уредничката на ПГП, покојната Лидија Хабиќ, предложила презимето Бекута – симболичен нож со закривена острица.
Ана вели дека зад новото уметничко име стои и длабока лична симболика.
Татко ми беше горд. Се надевам дека ги исполнив неговите соништа, барем колку што можев. Секогаш се трудев да им го дадам најдоброто на моите“, изјавила таа.
Родена во Прибојска Бања во 1959 година, Ана Бекута е активна на сцената повеќе од 40 години. Нејзиниот прв албум го донесе хитот „Ја нисам рођена да живим сама“, а нејзините песни и денес ги слушаат сите генерации.
printskrin Youtube-nova s