Table of Contents
Талула Вилис, ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, се омажила во венчаница која се изработувала 712 часа
Најмладата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур запловила во брачните води, а нејзината венчавка веднаш ѝ го привлече вниманието на јавноста! Имено, Талула Вилис кажала ДА на интимна церемонија, која се одржала на 8 август во Сан Вали во Ајдахо, во кругот на најблиските, а секој детаљ бил внимателно осмислен.
Венчаницата се изработувала 712 часа
За време на подготовките на венчавката, покрај невестата биле нејзината мајка Деми Мур и сестрите Румер и Скаут, кои ѝ биле поддршка во целиот процес. Посебно внимание привлекла самата венчаница – уникатна креација на модната куќа „Баленсијага“, изработена по мерка, чија изработка траела цели 712 часа. Елегантен и нежен, фустанот имал и личен печат, со оглед на тоа што неговиот дизајн бил инспириран од еден од повпечатливите модни изданија на Деми Мур.
Последните проби биле исполнети со емоции и хумор, па сестрите се присетиле како Талула неодамна разгледувала едноставни модели на венчаници, за на крајот да заблеска во висока мода. Трансформацијата од идеја до конечен изглед била, како што истакнале, речиси филмска.
Дали Брус Вилис бил на венчавката?
Поврзани објави
За сега нема сигурни информации дека Брус Вилис присуствувал на венчавката на својата ќерка.
Некои медиуми тврдат дека Брус Вилис не присуствувал на церемонијата поради здравствената состојба.
Истовремено, бројни американски медиуми како „Пипл“, „Вог“ и „Ентертејнмент Викли“ потврдуваат дека Талула се омажила за музичарот Џастин Аси, но во своите извештаи не наведуваат дека Брус бил на церемонијата.
Ни семејството се нема јавно огласено во врска со неговото присуство, било физичко или преку видео-повик.
Кој е сопругот на Талула?
Љубовната приказна на Талула и нејзиниот избраник Џастин Аси започнала пред неколку години, а свршувачката се случила кон крајот на 2024 година во романтична атмосфера со свеќи и ливчиња од рози.
Инаку, Џастин Аси е американски музичар и продуцент кој свесно одбира да го чува својот приватен живот далеку од медиумите. Иако во текот на кариерата соработувал со бројни изведувачи од алтернативната и независната сцена, многу малку се знае за неговиот приватен живот, што дополнително го подгрева интересот на јавноста.