Пукна тиквата!
А се колнеа дека се добри пријатели.
Александар Вуксановиќ алијас Аца Лукас од јутјуб-каналот на Светлана Цеца Ражнатовиќ го отстрани нивниот дует „Црни снег“, кој го снимија во далечната 1999 година.
Ја избришавме аудиоснимката од каналот „Цеца мјузик“. Ќе ја избришеме и Маракана, како и сите други снимки на кои Лукас се емитувал неовластено. Можевме веднаш да ѝ го избришеме целиот канал бидејќи има повеќе од три снимки со Аца на него, но не го направивме тоа. Ќе го избришеме и секој друг дует ако не го отстрани затоа што не ни ги надомести правата што ги наплати од YouTube и дигиталните платформи. Сметаме дека ова е кражба на правата на изведувачот и продуцентот и затоа го презедовме ова, изјави менаџерот Саша Мирковиќ.
Да потсетиме, пејачот веќе имаше вакви проблеми и расправии со колегите со кои има снимено дуети, па од платформата го симна и дуетот „Банкина“ кој го отпеа со Јелена Карлеуша, како и други четири дуети – „Омакло ми се“, „Далеко си“, „Љубав у доба кокаина“ и „Свадбе“, кои ги сними со Ивана Селаков.
Како што беше соопштено на времето, Ивана и тој не можеле да се договорат на кој канал ќе се емитува песната „Сватови“. Ивана не му платила на Лукас за дуетот, па дошло до расправија, а потоа Вуксановиќ заедно со својот тим одлучил да ги тргнат сите песни од споменатата платформа. Потоа ги отстрани и дуетите со Цеца, но подоцна ги врати. Тие беа на нејзиниот канал до пред некој ден, кога го отстрани „Црниот снег“.