Table of Contents
Семејството Амбани е едно од најбогатите семејства во светот. Тие годинава го ожениле синот Анант, а свадбата траела со месеци
Кога синот на најбогатиот човек се венчава, тоа изгледа вака: свадба на јахта со најпознатите ѕвезди во Холивуд и во светот, свадба во најексклузивната населба во главниот град на Индија, направена специјално за таа пригода, свадба која трае три месеци за да им се угоди на најексклузивните гости.
Анант и Радика се венчале на 12 јули 2024 година. Со оглед на тоа што на свадбата присуствувале најбогатите и најпознатите луѓе во денешно време, очекувано е тоа што младенците добиле ексклузивни подароци.
Но 15-те најскапи подароци го воодушевиле дури и најбогатото семејство на светот…
1. Вила со приватна плажа во Палм Џумеира
Родителите на Анант, Мукеш и Нита Амбани, им подариле на синот и снаата вила од 3.000 квадрати со приватна плажа во ексклузивната населба Палм Џумеира во Дубаи. Куќата има десет спални соби и приватна плажа и проценета е на 76,2 милиони долари.
2. Бентли
Родителите на Анант им купиле „Бентли“ на среќните младенци, во вредност од 645 000 долари.
3. Накит
Од Мукеш и Нита, Радика добила брош од „Картиер“ во вредност од 260.000 долари и бисерен ѓердан со дијаманти во вредност од 1,3 милиони долари.
4. „Бугати“ од Безос
Џеф Безос им подарил „бугати“ на Анант и Радика, во вредност од 1,4 милиони долари.
5. Ламборџини
Американскиот актер Џон Сина, на младенците им подарил „ламборџини“ во вредност од 360.000 долари.
6. Приватен авион
Марк Закерберг, основачот Фејсбук, на среќната двојка ѝ подарил авион вреден 36 милиони долари.
Поврзани објави
7. Дијамантски прстен и јахта
Бил Гејтс на младенците им подарил дијамантски прстен вреден 1,1 милиони долари, додека други тврдат дека среќната двојка добила јахта од него, и тоа во вредност од 21,5 милиони долари.
8. Златен синџир
Познатата боливудска двојка Катрина Каиф и Вики Каушал им подарила златен синџир во вредност од 23.000 долари.
9. Рачно изработен шал
Боливудскиот актер Сидарт Малхотра и неговата сопруга им подариле на младенците рачно изработен шал во вредност од 30.000 долари.
10. Златно пенкало
Суперѕвездата во Боливуд Акшај Кумара, им подарил на младенците златно пенкало во вредност од 73.000 долари.
11. Стан во Франција
Боливудската ѕвезда Шах Рук Кан им подарила на Анант и Радика луксузен стан во Франција, вреден 4,8 милиони долари.
12. Ѓердан
Семејството Бачан им подарило на Радика и Анант смарагден накит во вредност од 3,6 милиони долари.
13. Мерцедес
Мерцедес вреден 1,1 милион долари добиле од Алија Бхат и Ранбир Капор.
14. Спортски мотоцикл
Актерот Салман Кан им подарил на младенците спортски мотоцикл вреден 1,8 милиони долари.
15. Ролс Ројс
ФОТО: Јутјуб, Инстаграм